Принцезата Дијана важи за модна икона на сите времиња, елегантна, одмерена, принцеза на народот.
Таа изгледаше подеднакво софистицирано и во фармерки додека си играше со принцовите Вилијам и Хари, и на свечености облечена во заносна тоалета.
Нејзин препознатлив потег беше ставањето на ташната на градите кога носеше свечен фустан, посебно кога излегуваше од автомобил, а пред неа имаше бројни фоторепортери.
Во интервју за британски Телеграф дизајнерката Ања Хиндмарш и блиска пријателка на Дијана, откри која е приказната зад овој дамски потег.
-Таа беше лојална клиентка и многу забавна личност. Доаѓаше во ателје без многу помпа и без телохранители. Обожаваше ташни и поради начинот на кој ги користеше во нејзиното појавување ги викавме ‘ташни за деколте’. Таа кога излегуваше од автомобил го покриваше деколтето со ташната за да спречи незгодна поза што би изгледала недолично на фотографија, вели дизајнерката.
Без сомнение, принцезата Дијана беше вистинска дама. Нејзините манири и елеганција беа за пример и таа никогаш не сакала да биде тема за таблоидите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст