| четврток, 6 декември 2018 |

Детенце делумно парализирано по убод од крлеж

Ланц и Аманда Луис од Орегон се загрижиле за својата тригодишна ќерка, на која одеднаш и се слошило една вечер.

Родителите испаничено ја однеле на лекар утрото, но таа веќе не можела самостојно да стои.

Ланц за Си-Ен-ЕН изјавил дека тој како дете страдал од редок облик на канцер и дека симптомите кои се јавиле кај нивната ќерка биле слични. Меѓутоа било откриено дека нејзината делумна парализираност не е последица на тумот, туку од убод од крлеж.

Лекарите откриле крлеж од куче на главата на девојчето и го отстраниле, а дека веќе следниот ден била подобро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top