
На средбата премиерот Груевски во свое име и од име на Владата им го честиташе на репрезентативците одличниот пласман на Светското првенство и упати благодарност за залагањата и вложениот труд за достојна репрезентација на Република Македонија на ова престижно натпреварување.
Груевски, како што соопшти владината прес-служба, посочил дека успехот на спортистите преставува колективен успех и радост за државата, но и добар пример дека преку развој на спортот и зацврстување на спортскиот дух се вложува во добра иднина на младите и во нивниот квалитетен развој. Спортот, како што додаде премиерот, придонесува за градење на исправен и квалитетен систем на вредности и го поттикнува натпреварувачкиот дух кај граѓаните.
Премиерот нагласил дека Владата реализира проекти, чијашто интенција и намена е развој на куглањето и сродните спортски дисциплини во Република Македонија, додавајќи дека Владата досега има изградено најсовремена куглана по сите светски стандарди која функционира во рамките на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Еден од стратегиските интереси на Владата, како што посочил премиерот, останува поддршката на спортот. Во прилог на ова Владата е силно посветена на инвестиции во развој на спортската инфраструктура, при што досега се изградени 90 спортски сали од проектот 180 спортски сали, а во тек се и проектите за изградба на 100 тениски терени и 100 мултифункционални спортски игралишта, кои имаат намена за развој на базичниот спорт како основа за развој на другите спортски дисциплини.
Спортистите на средбата ги пренеле импресиите од постигнатиот успех, истакнувајќи дека остварениот резултат е голем успех воопшто за спортот на државата и дека тој е постигнат во услови на силна конкуренција. Тие го истакнале задоволството од досегашната соработка и поддршка на спортот од страна на Владата на Република Македонија.
Соговорниците се согласиле дека развојот на спортот треба да остане еден од приоритетите на општеството, како најдобра превенција од современите ризици, воспоставувајќи правилен начин на развој на најмладите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


