Теодора Силјаноска студент на втора година на мултимедијална режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје е избрана за член на меѓународното жири на млади од регионот што ќе ги оценува 15-те играни филмови кои се селектирани во годинешното издание на на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа – SEE a Berlin 2017.
Оваа практика на иницијатива на француско-гермаската организација OFAJ, е воведена пред три години и има за цел да ги зближува младите од регионот на југоисточна Европа на патот на европските интеграции на балканските земји.
Свеченото отворање на фестивалот е на 25 мај, а прогласувањето на наградите ќе биде во познатото берлинско кино Бабилон на 28 мај. Како што е познато во, во официјалната конкуренција учествува македонскиот игран филм „Златната петорка“ во режија на Горан Тренчовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел