| четврток, 6 декември 2018 |

Тага во фудбалскиот свет, почина еден од најдобрите светски судии Стефано Фарина

stefano farina

Стефано Фарина беше еден од најдобрите италијански судии во историјата, тој почина на 54 годишна возраст.

Фарина ја делеше правдната на точно 236 натпревари во најдобрата италијанска лига, но и на 17 во Серија Б. После пензионирањето беше главен во судиската организација на втората италијанска лига.

Одличниот судија потекнува од Нови Лигуре, а во Калчото дебитираше пред 21 година, освен искуството во Италија, Фарина ја делеше правдата и на многу натпревари на светска фудбалска сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top