Екипата на Дарушафака во наредната сезона ќе има голем проблем, затоа што ќе мора покрај сите проблеми да бара и нов тренер.
Евролигата даде до знаење дека нема да му даде вајлд-карта на турскиот клуб, по што спонзорот „Догуш“ реши да замине од тимот. Најновата вест е дека Дарушафака ќе мора да бара и нов тренер, затоа што од кормилото си заминува Давид Блат.
Блат имаше договор на две сезони, но сепак, откако клубот влезе во криза реши дека е време да замине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.