| четврток, 6 декември 2018 |

Со која терористичка група бил поврзан напаѓачот од Манчестер?

Напаѓачот Салман Абеди (22)  e роден во Манчестер откако неговите родители избегале од режимот на Гадафи во Либија.

Целото негово семејство, со исклучок на двајцата постари браќа на Салман, се вратиле во Либија, а негов близок пријател вели дека пред три недели тој исто отпатувал  таму и се вратил буквално неколку дена пред да го изврши нападот.

Според полициски информации, ова не е му единственото излегување од земјата во последната година.

Детективи кои ја водат истрагата, сметаат дека тој ја поставил бомбата во Манчестер Арена малку пред таа да експлодира. Главен осомничен за негов помошник е Манкуан Рафаел Хости, а меѓу муслиманските радикализирани клетки во градот бил попознат како Абу Каган ал Британи.

Се тврди дека имал врски со терористичката организација „Ал Каеда” и бил на обуки во странство, пренесува „Ен-би-си“ повикувајќи се на неименуван извор од разузнавањето, кој е запознаен со истрагата.

Според американското разузнавање,  неговите патувања до Либија и други источни земји е поврзано токму со терористичката организација.

Во нападот беа убиени 22 лица, а меѓу нив има и деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top