| четврток, 6 декември 2018 |

Морничаво сведоштво од Манчестер: „Спасував девојче без нозе, жена ми умре на рацете“

Храбар бездомник кој обично просел пред Арената во Манчестер, раскажал како им ги спасувал животите на жртвите на бомбашкиот напад и како една жена му умрела на рацете.

33 – годишниот Крис Паркер рекол дека бил пред Арената кога се слушнала силна експлозија која го соборила на земја. Иако и самиот бил повреден, Паркер веднаш се стрчал во зградата за да им помогне на жртвите, пишува The Independent. Прво извлекол едно девојче кое останало без двете нозе, а потоа се` до последниот здив на раце ја држел жената која починала поради тешките повреди на главата и нозете.

Emergency services personnel speak to people outside Manchester Arena after reports of an explosion at the venue during an Ariana Grande concert in Manchester, England, Monday, May 22, 2017. Several people have died following an explosion Monday night at an Ariana Grande concert in northern England, police and witnesses said. The singer was not injured, according to a representative. (Peter Byrne/PA via AP)

– Сите трчаа надвор. Слушнав експлозија и видов блесок светлина, кога паднав на земја. Инстинктивно потрчав во арената за да им помогнам на луѓето – раскажал Паркер.

Тој се обидел да спаси и една жена за која рекол дека имала околу 60 години. „Ми почина на рацете. Не можев да престанам да плачам“, раскажал потресениот Паркер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top