| четврток, 6 декември 2018 |

Пролетниот дожд посилен од мрежата на телеком

Скоро три часа корисниците на услугите на „Телеком“ немаат телевизија, фиксна телефонија и интернет. Корисниците реагираат како е возможно еден пролетен дожд да ги прекине сите врски и тие да останат без услугите за кои платиле.

– Скоро три часа немаме ниту телевизија, ниту фиксна телефонија, ниту пак интернет. „Телеком“ е голема компанија и треба да се грижи за своите корисници. Како е можно компанија од рангот на „Телеком“ едноставно да „пукне“ на еден пролетен дожд. Ме интересира дали ќе бидеме обештетени за прекинот кој трае со часови – прашува корисник.

Од „Телеком“ информираат дека како последица на невремето што го погоди Скопскиот регион, настанале технички проблеми и поради тоа дошло до прекин на услугите кај корисниците на територијата на град Скопје и дел од територија на Македонија, како и до недостапност на Контакт центарот.

„Нашите тимови се на терен и работат на брзо и ефикасно отстранување на проблемите со цел непречено користење на услугите“ се вели во соопштението на „Телеком“ објавено на нивната страница на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top