| четврток, 6 декември 2018 |

Овие хороскопски знаци не знаат да лажат

Стрелец

Стрелците се многу добри и искрени луѓе. Освен тоа, многу се великодушни. Единствена мана им е што знаат понекогаш да ги преувеличат своите авантури, но не од злоба, туку за да го забавуваат друштвото.

Она што на многумина не им се допаѓа е што стрелците ја кажуваат вистината дури и кога не е убава.

Овен

Тие секогаш го кажуваат тоа што го мислат, но пред сè затоа што се импулсивни. Многу се енергични, но таа енергија не ја трошат на лажење.

Понекогаш нивната искреност предизвикува болка кај другите луѓе, а понекогаш и самите овни жалат поради своите зборови. Сепак, искреноста е нивната најголема доблест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top