| четврток, 6 декември 2018 |

Островот на стравот во Јадранско Море: Таму луѓето умираат во тешки маки

Повеља некогаш бил смртната постела за повеќе од 160.000 заразени луѓе, кои биле осудени и оставени да ја чекаат смртта на тој изолиран остров

Островот Повелја е мал, но историјата му е страшна: Сместен е меѓу Венеција и Лид во Венецијанската лагуна и веќе со децении го привлекува вниманието на ловците на духови и слични паранормални појави, но и љубителите на бизарната историја.

Повелја некогаш бил смртната постела за повеќе од 160.000 заразени луѓе, кои биле осудени и оставени да ја чекаат смртта на тој изолиран остров.

Толку долго бил карантин, што некои историчари тврдат дека повеќе од 50 проценти од тлото е сочинето од човечки остатоци. И на соседните острови Лазарет Векио и Лазарет Нуово биле откриени гробници од колосални размери: во нив биле пронајдени посмртни останки од луѓе заразени од чума.

Повелја првпат се спомнува во хрониките во 421 година кога бегалците од Падуа и Есте на него пронашле прибежиште пред варварските инвазии. Раселени биле во 9 век, а островот повторно бил пуст. Во 1776 година за него е заслужена Службата за јавно здравје, па островот станал контролна точка на сите луѓе и робата која со бродови доаѓа во Венеција. По појавата на чумата, островот бил претворен во карантин за заразените.

Со помали прекини, Повелја и на почетокот на 20 век била лазарет, за во 1922 година постојните згради да бидат претворени во азил за менталноболни и луѓе на кои им била потребна долгорочна нега. Постојат многубројни гласини дека таму во тајност се вршеле сурови експерименти, меѓу кои и лоботомија. Хрониките велат дека лекарот што ги вршел тие експерименти подоцна го прогонувале духовите на пациентите чиишто животи ги уништил, а постојат и историски записи за тоа дека се фрлил од болничката кула.

Болницата, конечно, била затворена во 1968 година, а островот целосно напуштен. На Повелја неколку пати доаѓале екипи што истражувале паранормални појави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top