| четврток, 6 декември 2018 |

Започна изградбата на новиот објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром (Фото)

skolo3

Започнаа активностите за изградба на нов објект на Основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром во Општина Гази Баба. За една година се најавува целосно нова училишна зграда која ќе ги замени сегашните бараки во кои функционира училиштето, а кои датираат од 1974 година.

skolo

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска извршија увид на почнатите активности со кои се планира за новото училиште со целосно нова опрема да бидат вложени 54 милиони денари или 900 илјади евра, обезбедени од Министерството за образование и наука.

Станува збор за крупен проект со кој реализира ветување од Програмата на барање на граѓаните, потенцираа Ристовски и Груевски.

01

Новото училиште ќе се гради на површина од 2.150 метри квадратни и ќе се состои од приземје и кат. Планот предвидува 12 училници, шест кабинети и библиотека.

Како што информираше Ристовски, првин ќе се гради училишниот објект во кој период учениците ќе продолжат да следат настава во стариот објект. Откако ќе се преселат во новата зграда се најавува изградба на спортската сала, а старите бараки ќе бидат урнати и на нивно место, најави Ристовски, ќе бидат изградени тениско, ракометно и кошаркарско игралиште.

02

Капацитетот на училиштето е за 600 ученици со можност и за двосменско и за едносменско работење зависно од потребите. Во ОУ „Вера Јоциќ“ моментно настава посетуваат 520 ученици и покрива територија за потребите на околу осум илјади жители.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top