Кандидатот за косовски премиер Рамуш Харадинај најави дека косовска војска ќе биде формирана во рок од 90 дена од почетокот на работата на идната влада.
За Радио телевизија Косово, тој изјави дека ќе се обиде да ги убеди Србите оти „косовска војска е и во нивен интерес“, но доколку во тоа не успее, ќе пронајде други начини за постигнување на оваа цел, пренесува РТС.
– Ако размисуваат без мешање на Белград, ќе гласаат за војска, која е во нивни најдобар интерес, бидејќи овде живеат. Кога постои безбедност за сите, постои извесност и за нив, остакна Харадинај.
Тој изрази убеденост дека Србите во Косово ќе бидат мудри и ќе сфатат што е во нивни интерс.
– Ако Србите не разберат, јас ќе им објаснам на вистинскиот начин, а најдобро е да го изберат патот со формирање војска. Ние разговаравме со сојузниците и тие се заинтересирани за уставен амандман за кој се потребни две третини од гласовите во Парламентот. Верувам дека тоа ќе биде постигнато со поддршка на Албанците и сите етнички заедници, под услов тука да бидат и Србите. Сигурен сум дека Србите ќе бидат многу мудри и ќе сфатат дека тоа е во интерес на нивната безбедност, потенцираше Харадинај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст