| четврток, 6 декември 2018 |

Преку социјалните мрежи се бараат исчезнатите по терористичкиот напад во Манчестер

Корисниците на социјалните мрежи помагаат во потрагата за лицата кои исчезнаа по експлозијата во Манчестер. Објавени се фотографии и имиња, а меѓу исчезнатите има и деца.

Градската управа и градоначалникот Енди Барнам се меѓу многубројните корисници на Твитер кои преку хаштагот Missing in Manchester се обидуваат да им помогнат на луѓето кои ги бараат исчезнатите членови на семејството и пријателите, пренесува АП.

Меѓу исчезнатите е и 15-годишната Оливија Кембл, чија мајка изјавила дека нејзината ќерка присуствувала на концертот на Аријана Гранде со другарка од училиште која е пронајдена и префрлена во болница.

Оливија, меѓутоа, е исчезната, а дома се јавила пред почетокот на концертот.

-Се јавив во болница, сите локации и хотели во кои, како што чув, се однесени деца, се јавив и во полиција. Ако некој ја види Оливија, нека и го позајми телефонот, таа го знае мојот број, изјавила мајката на девојчето.

На крајот на концертот во градската Арена во Манчестер синоќа при експлозија загинаа 22 лица, а 59 се повредени. Меѓу настраданите има и деца.

View image on Twitter

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top