| четврток, 6 декември 2018 |

Првата идентификувана жртва е 16-годишно девојче

Шеснаесетгодишната Георгина Каландер е првата идентификувана жртва во нападот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер.

Оваа тинејџерка непосредно пред концертот на својот идол, на својот профил на „Твитер“ напишала дека е многу среќна што ќе се види со Аријана Гранде, пренесуваат британските медиуми.

Нејзините пријатели сега ѝ оставаат жални пораки на „Твитер“ опишувајќи ја како прекрасна личност со најпрекрасно срце и душа.

Вечно ќе ми недостигаш, одмори се на поубаво место од ова овде, е една од пораките.

Да потсетиме, во терористичкиот напад од бомбаш-самоубиец кој вчера се случи во Манчестер арената, на концертот на американската тинејџерска ѕвезда Аријана Гранде, загинаа 22 лица. Меѓу загинатите има и деца. Одговорноста за нападот ја презема Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top