За само еден месец Фејбук морало да се позанимава со повеќе од 54.000 случаи на цени со секс-видеоснимки и осветничка порнографија, покажуваат податоците кои ги објави „Гардијан“.
Користењето Фејсбук за рекламирање порнографија и порастот на бројот на секс-снимките кои се објавуваат поради освета, стнаа еден од најфолемите предизвици за компанијата.
Само во јануари Фејсбук морал да блокира повеќе од 14.000 профили поради вакво кршење на правилата за сексуална злоупотреба и порнографија.
Во 33 случаи на снимките имало деца. Фејсбук отвора истрага откако корисници ќе пријават злоупотреба или спорна содржина, што значи дека обемот на проблемот е уште поголем.
Модетаторите имаат најмногу проблеми со правилата за сексуално експлицитна содржина. Фејсбук признава дека тоа е високоприоритетна област и да корсити посебни софтвери за визуализација за да спречи појава на експлицитна содржина на сајтот.
Но, тешко е да се повлече линија меѓу прифатлива и неприфатлива сексуална содржина и поради тоа Фејсбук се труди константно одново да ги менува своите правила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.