| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи првото момче на Цеца: Тоа е баксуз жена, кој и да бил со неа сега е мртов

cec

По долги години од врската која ја имал со сегашната српска пејачка, за времето минато заедно со Цеца проговори и нејзиното прво момче, Хајрудин Самарџиќ. Цеца, тогаш Величковиќ, на почетокот на деведесеттите години во Швајцарија започнала страсна врска со естрадниот менаџер и фудбалер.

Со него била три години, но нејзините родители биле против поради различната вера.

01

Хајрудин сега за српски Телеграф вели дека поради Цеца и Аркан, имал многу проблеми во животот и дека дури завршил во логор.

– Аркан ме уапси додека бев со Цеца во кревет. Лежеше до мене кога упаднаа припадници на државната безбедност. Оттаму ме однесоа во логор каде што едвај извлеков жива глава, изјавил Хајрудин.

Тој исто така открил дека додека била со него во врска сакала да имаат деца.

– Сакаше мое дете, но абортираше бидејќи јас не сакав да роди. Тоа е баксуз жена. Кој и да бил со неа сега е мртов и го нема, вели поранешното момче на пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top