На човечкото тело му се потребни голем број витамини и минерали, кои го овозможуваат неговото нормално функционирање. Освен главните хранливи состојки, се покажало дека витаминот Д зазема важно место кога станува збор за здравјето на нашето тело.
Овој витамин го поттикнува производството на калциум, ги одржува коските, успешно се бори против анксиозноста, а новите истражувања покажуваат дека влијае и врз слабеењето.
– Ако сакате да ослабете, секојдневно земајте витамин Д пред оброците. Најдобро делува во комбинација со мастите, бидејќи ги разградува маснотиите во човечкото тело, предупредува нутриционистката Кери Клифорд.
Додава дека најефикасните резултати се постигнуваат кога го консумирате со појадокот, кој би требало да биде најобилниот оброк во текот на денот.
– Многу истражувања се направиле до сега во врска со витаминот Д, а се покажало дека влијае врз сите клетки во организмот, го зајакнува имунитетот, влијае врз функционирањето на мозокот и ја подобрува функцијата на метаблизмот, заклучува Кери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.