| четврток, 6 декември 2018 |

Околу сто парови изговорија „да“ на колективна венчавка (Фото)

Речиси 100 парови денеска изговорија „да“ на колективната венчавка што се одржа пред Стариот двор во Белград.

Младенците од пред хотелот „Москва“ пристигнаа пред Стариот двор, придружени од оркестар, а потоа пред матичарот, едногласно го изговорија судбоносното „да“ и почнаа да танцуваат.

Заменик-градоначалниот на Белград Андреј Младеновиќ им честиташе на паровите, порачувајќи дека семејствата се темелот на општеството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top