| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Телевизијата на Заев и дел од медиумите би биле најсреќни да ме нема, но јас имам одговорност пред граѓаните и ќе продолжиме да остваруваме проекти

-Дел од медиумите особено оној медиум кој го нарекуваат телевизија на Заеви во последните денови не зборуваат за проектите што ги правиме, за нешто што ќе им користи на граѓаните, туку го отвораат прашањето зошто и во кое својство се појавувам на настани. Сакам во оваа прилика да објаснам дека се појавувам во својство на претседател на партија која дава ветувања пред граѓните, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на новинарско прашање по денешната посета на реконструираната зграда на Офицерскиот дом.

-Која што многу внимателно ветува, која што добро се пресметува кога ветува, но уште повнимателно се однесува кога тоа треба да се реализира. Јас сум тој кој ги дава ветувања, кој застанува зад таа програма и го става потписот на таа програма. Јас сум тој кој оди по митинзи и на средби со граѓаните им ветува проект по проект, со рокови кога нешто ќе биде завршено и природно за секој одговорен човек јас да бидам тој кој ќе се грижи секој проект да се заврши навреме и така како што сме го ветиле пред граѓаните. Јас имам одговорност и оние кои сакаат да ги декрадираат нашите активности и да ја свртат темата за тоа зошто се појавувам, нема да им ја направам таа услуга и ќе продолжам сите оние проекти кои сме ги ветиле на граѓаните да ги следиме за да се завршат навреме и со квалитетот кој бил предвиден. Не случајно ВМРО-ДПМНЕ 11 години на десет избори постојано ја добива довербата, затоа што внимава што ветува и уште повеќе внимава тоа што го ветува да се реализира навреме, ако може некогаш и побрзо, истакна Груевски.

Тој додава дека за СДСМ и нивните медиуми најдобро би било, како што рече да го снема и да не се појавува, но не е во можност да им ја заврши таа работа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред посетата на зградата на Офицерскиот дом изврши увид во градежните работи на патот за Сончев Град во Сопиште. Таму во завршна фаза е изградбата на регионалниот пат Скопје -Сончев град.

18527973_1672831593023870_2603488525638525670_n

18556037_1672831773023852_4484730078867304904_n

18582561_1672831546357208_8903457792830923781_n

18622272_1672831499690546_6952886211599505854_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top