| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Факултетот за драмски уметности како и 10 државни институции ќе добијат целосно нови простории (ВИДЕО)

Управата за финансиска полиција, комисијата за односи со верски односи, агенцијата за администрацијата, агенцијата за туризам, фондот за иновација и технолошки развој, агенцијата за планирање на просторот, државен завод за индустриска сопственост, национална агенција за европски образовни програми и мобилност, бирото за регионален развој, агенцијата за цивилно и воздухопловство, како и факултетот за драмски уметности од наредната недела па се до крајот на јуни и почетокот на јули ќе започнат со целосно вселивање во своите нови простории.dramski-2

-Вкупно 11 институции се прекрасно замислени, со сопствен простор, а тоа е најважно бидејќи претходно тие во минатотот беа под кирија, а само финансиската полиција која што е една од 11-те сместени институции во оваа зграда во минатото плаќала кирија од околу 100 илјади евра годишно, или пак беа во некои стари скапани бараки изедени од забот на времето. Целиот објект се простира на 20 илјади метри квадратни и за недела до две би требало да започне вселувањето на овие институции, додека факултетот за драмски уметности би започнал да се вселува кон крајот на јуни или почетокот на јули, вели Груевски.

dramski-1

Тој потенцираше дека инвестицијата е над 20 милиони евра и се работи за инвестиција од страна на буџетот и нешто што ќе остане во наредните години.

dramski-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top