| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов-Свинг: ИОМ високо го цени ангажманот на Македонија во мигрантската криза

ivanov vilijam lejsi svingПретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Јордан и учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, во Аман оствари средба со Вилијам Лејси Свинг, генерален директор на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Двајцата соговорници, соопштуваат од Кабинетот на претседателот,  размениле мислења за соработката меѓу Република Македонија и ИОМ, како и за активностите на организацијата на регионално и на глобално ниво.

Претседателот Иванов изразил благодарност за досегашната соработката што Република Македонија ја остварува со ИОМ, особено за поддршката во справувањето со мигрантската криза.

Генералниот директор изрази задоволство од односот и третманот на Република Македонија кон бегалците и мигрантите, согласно сите меѓународни стандарди и ги поздрави начините на кои земјата се справува со мигрантската криза.

На средбата претседателот Иванов изразил подготвеност за вклученост на Република Македонија во идните активности на ИОМ и продолжување на соработката согласно потребите на државата. На покана на Република Македонија, генерален директор на Меѓународната организација за миграција ќе ја посети Република Македонија.

Претседателот Иванов денеска учествува на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка во Аман, каде ќе оствари повеќе билатерални средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top