| четврток, 6 декември 2018 |

Специјалец од Струга добивал заканувачки пораки, му оставиле и куршум

ebr specijalec mvr

Ноќеска десет минути по полноќ часот во ПС од ОН Струга, вработен во Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Имено, вчера во периодот од 21.00 до 23.00 часот пред неговата семејна куќа, од страна на непознато лице на патничко моторно возило „БМВ“, сопственост на неговата мајка, било оставено ливче со заканувачка порака и еден куршум калибар 9мм.

Исто така, на 7. овој месец година на неговото возило пронашол лист со заканувачка порака, но тој настан го пријавил само на неговото работно место. ПС ОН Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top