„Викиликс“ објави дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) поседува технологија која им овозможува на тајните служби на САД да имаат пристап до секој комјутер и до податоците зачувани во него.
Како што јави ТАСС, „Викиликс“ тврди дека со помош на оваа нова програма наречена „Атина“, ЦИА може да ги менува поставките на оперативните системи, да пушта вируси и да презема податоци од „инфицираните“ уреди.
Технологијата, која, според „Викиликс“, ЦИА ја изработила во соработка со компанијата за кибер безбедност „Сиџ Технолоџис“, може да „ги напаѓа“ компјутерите што работат со оперативниот систем „Виндоус“.
Во март „Викиликс“ почна да објавува информации за различни методи на кибер шпионажа, кои ги користат оперативците на ЦИА.
Од овие информации произлегува дека ЦИА поседува програми кои и овозможуваат следње на мобилните телефони, како и технологија со која може да упаѓа во смартфони ширум целиот свет.
Објавувањето на најновите сознанија на „Викиликс“ следуваат откако денеска шведското Јавно обвинителство соопшти дека донело одлука за прекин на истрагата против нејзиниот основач Џулијан Асанж, во врска со обвинувањата за силување
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И заветот на Глигоров погазен: Јазикот и нацијата не гибајте ги
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?


