| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес почувствуван во Македонија

Попладнево земјотрес со слаб интензитет е почувствуван во Македонија. Потресот бил со епицентар на 13 километри од Гостивар, со магнитуда од 2,1 степени по Рихтер.

Инаку, во неделата во 04 часот и 08 минути утрото земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер го стресе Скопје.

Се надеваме потресите ќе запрат. Со оглед на тоа дека потресот е слаб, нема простор за паника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top