| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо се враќа на Олд Трафорд – Португалeцот го одби Реал

Откако португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо, одби да го продолжи договорот со Реал Мадрид се отвори прашањето за неговиот евентуален кам-бек  во Манчестер Јунајтед.

Непријатно изненаден од одлуката да замине од Сантијаго Бернабеу, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, изјави дека тоа веројатно значи дека Роналдо својата фудбалска кариера ќе ја заврши токму во Реал.

-Мислам дека Роналдо својата кариера ќе ја заврши во Реал. Не знам дали навивачите се загрижени поради продолжувањето на договорот, но едно е сигурно, тој има важечки договро за наредните две сезони – изјави тој.

Меѓутоа, одлуката за одбивање на новиот договор и неговите изјави дека е несреќен во клубот, оставаат впечаток дека Роналдо инсистира на враќање во Јунајтед. Шпански „АС“ пренесува дека Роналдо е главната цел на Јунајтед за следниот трансфер период и дека челните лица на клубот од Олд Трафорд се подготвени да одвојат 58 милиони евра за ангажман на неговите услуги.

Роналдо и порано укажуваше на неговиот можен кам-бек на Олд Трафорд, а за неговите услуги сериозно е заинтересиран и ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top