Вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров, и претставници на компаниите „Гранит“, „Бетон“ и на италијанската „ИНСО системи“ денеска го потпишаа договорот за изградба на нов клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Вредноста на договорот изнесува околу 72 милиони евра, а предвидува градежните работи да завршат во рок од 45 месеци од почетокот на градбата.
– Она што го ветивме започнува да се реализира. Нашиот збор се исполнува – заклучува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Денес се потпишува договорот за градба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, со што се отпочнува со реализација на еден капитален и суштински проект кој го ветивме на граѓаните. Со градба на новиот Клинички центар ќе почнат двете најголеми градежни компании во Македонија – „Гранит“ и „Бетон“ – и реномираната италијанска компанија „Инсо“. Вредноста на договорот, односно инвестиција, е околу 72 милиони евра, напиша на својот профил на „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е најголем здравствен комплекс во Република Македонија, на површина од 17 хектари, кој се состои од 32 независни субјекти со вкупен персонал од 3.400 медицински и административен персонал.
-Низ овие клиники на годишно ниво минуваат повеќе од 800.000 луѓе, односно околу 2.200 луѓе дневно. Вкупната новопроектирана нето-површина на оваа зграда изнесува 46.987 м2 корисен простор, 6.416,89 м2 проодни тераси и кровни градини и 531 м2 хелиодром. Објектот ќе се состои од едно подземно ниво, приземје, девет ката и современ хелиодром за транспорт на пациенти на десеттото ниво. Се работи за најсовремен објект кој ќе биде врвен медицински центар. Ова е проект со досега најголемо значење за македонското здравство – напиша Груевски.
На проектирањето на новите објекти и инсфраструктура на Клиничкиот центар четири години интензивно работеа тимови на проектанти од италијанска компанија во соработка со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и други западноевропски земји со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа, како и тимот од Министерството за здравство и Проектната единица.
-Со овој проект се овозможува највисоко ниво на квалитет на употребени материјали, висока функционалност и безбедност, при што врвен приоритет е третманот на пациентот и неговото олеснето движење и удобност во рамки на објектот. Задоволени се највисоките меѓународни стандарди за енергетска ефикасност на зградите, објектите ќе бидат интегрирани и од аспект на современо автоматизирано и централизирано управување, ќе се применува пневматски транспорт на биолошки материјал, што досега воопшто го немаше во јавното здравство и бројни други најсовремени технологии при изградба на објекти од ваков тип – напиша Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница