| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини ги очекува актуелните премиери на шесте балкански држави во Брисел

mogeriniВисоката претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на неформалната вечера со претседателите на владите на Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, што ја закажа за среда (24 мај) ќе ги очекува актуелните премиери на овие шест балкански држави.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, како одговор на шпекулациите дека од Македонија и Србија е можно на овој состанок посветен на Берлинската конференција да присуствуваат можните идни нови премиери, по парламентарните и претседателските избори во овие земји.

– Поканата е испратена до премиерите. Ние ќе ги потврдиме имињата на ие што ќе присуствуваат на оваа неформална вечера кога ќе бидеме поблиску до датумот – изјави портпаролката Коцијанчич за МИА. Ова значи дека во случајот со Македонија, доколку до среда не биде избрана нова Влада со нов нејзин претседател, дека на состанокот на шесте премиери од Балканот со Могерини ќе присуствува актуелниот претседател на македонската влада, Емил Димитриев. Ист е и случајот со Србија, чијшто актуелен премиер Александар Вучиќ е избран претседател на оваа држава, но новата функција се очекува да ја преземе од 1 јуни, па и тој во својство на актуелен српски премиер би бил дел од овој неформален состанок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top