Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, кој се одржува во Аман.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе учествува на пленарна сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност“.
Во рамки на работната посета, претседателот Иванов ќе оствари билатерална средба со Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.
На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка е најавено учество на повеќе од 1.000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави.
Темите на дискусија на форумот се однесуваат на улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантска криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст