Со голема брзина возилото влетало во пешачката зона на Тајм Сквер во Њјујорк и предизвика повреди кај многу лица, вели сведок на настанот за „Ројтерс“.
Тринаесет лица досега се повредени и згрижени од службите, напиша на „Твитер“ противпожарната единица од Њујорк која веднаш интервенирала на местото на настанот.
Полицијата ја затвори областа.
Сведок на настанот за „Ројтерс“ вели дека најмалку 10 лица биле хоспитализирани откако се случил нападот.
Возилото било црвен „седан“ и CBS телевизијата од Њјујорк објави дека возачот бил веднаш отстранет од возилото. Сведоците велат дека возачот возел во спротивна насока и поминал на пешачката патека газејќи ги луѓето. Раслетани чевли, крв насекаде и многу повредени, вели друг сведок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст