Јелена Карлеуша повеќе пати јавно тврдеше дека никогаш не пеела по кафани. Но членовите на македонската фолк група Кис ми, ја демантираа објавувајќи заедничка фотографија со Јелена од заеднички настап за кој тврдат дека е во ресторанот “Хиподром” во Скопје.
Српската фолк дива Јелена Карлеуша е една од оние пејачки која упорно тврди дека никогаш не пеела по ресторани и кафеани, туку своите настапи ги започнала по дискотеките и ноќните клубови. Но, очигледно Карлеуша не ја говори вистината кога го тврди тоа. Зошто ако коза лаже- рог не лаже, велат старите, па оваа фотографија го потврдува токму спротивното. Цицлестата пејачка и тоа како пеела во кафеана и тоа овде кај нас, во Македонија!
Членовите на македонската некогаш ултрапопуларна турбофолк група „Кисми“ ја демантираа и и’ објавија фотографија од 1998 година за која тврдат дека е сликана во ресторанот „Хиподром“ во Скопје, а е направена пред заедничкиот настап на бендот и тогаш малку познатата српска пејачка.
извор: Естрада плус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да е до мене, би живееле во еден голем гардеробер – Карлеуша се пофали со подарокот од сопругот
-
Додека Душко кулира: ЈК менува костуми за капење и е се погола!
-
Полни 40 години: Главниот подарок веќе го објави (ФОТО)
-
Ме убиваше да ги гледам мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат: Карлеуша прв пат проговори за тешкото детство