| четврток, 6 декември 2018 |

Државата се распадна, но никој не ја забележа грешката на банкнотата (ФОТО)

Југословенскиот динар почнал да се користи како валута во Кралството СХС од 1920 г., го надживеа Кралството Југославија, СФРЈ, па СРЈ и од валута на 20 милиони луѓе стана валута на 8 милиони Срби.

Во почетокот на осумдесеттите била донесена одлука постојната серија банкноти да се замени со нова, помодерна. Во новата серија секоја банкнота требало да претставува по една југословенска република, а на лицето требало да има историска личност од таа република, а на задната страна мотив од таа република. Најмалата банкнота од 10 динари би ја претставувала најмалата република, Црна Гора, а најголемата од 1000 динари најголемата република – Србија. Било предвидено да се воведе нова банкнота од 5.000 динари, која би ја претставувала Југославија. Прво требало да биде издадена најголемата банкнота, а потоа постепено требало да се заменуваат останатите од помали апоени. Во 1985 г. излегува новата серија банкноти, која започнала со воведување на банкнотата од 5.000 динари со ликот на Јосип Броз Тито.

titovka

Најголемата и долгоочекувана банкнота предизвикала вистинска бура во јавноста, која трае и ден-денеска, но не поради вредноста на банкнотата, туку поради наводна грешка која од почетокот никој не ја забележал.

До ликот на Тито се впишани годините на неговото раѓање и смртта, па место 1892-1980, пишува 1892-1930, како Тито да умрел 50 години порано.

Полемиката се прелеа и во виртуелниот свет, па корисниците расправаат дали се работи за грешка или за лош печат, па се создава заблуда дека наместо 8 пишува 3.

Грешка или не, проценете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top