| четврток, 6 декември 2018 |

Теодосиќ и повреден не сака да го пропушти полуфиналето против Олимпијакос

teodosic

Милош Теодосиќ, еден од најдобрите кошаркари на Европа и член на ЦСКА Москва, иако не е целосно заздравен од повредата, инсистира да настапи на претстојниот фајналфор на Евролигата, кој ќе се одржи во Истанбул.

Српскиот репрезентативец поради повреда на листот не настапи на последните натпревари за рускиот шампион, но посакува да биде дел од тимот во борбата за одбрана на титулата во најелитното кошаркарско натпреварување на Европа.

– Теодосиќ против Басконија играше повреден, сега не е 100% подготвен, но на негова одговорност сака да игра во Истанбул – изјави тренерот на тимот Димитрис Итуидис.

Во полуфиналето на Ф4 турнирот на Евролигата ЦСКА Москва ќе се соочи со грчки Олимпијакос, меч кој ќе се одигра утре со почеток од 17.30 часот, додека два и пол часа подоцна ќе се сретнат Фенербахче и Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top