Иако повеќето жени се опседнати со својот совршен изглед, машките секојдневно се вљубуваат во жени кои не изгледаат како оние од насловните страници во списанијата.
Погледајте кои пет несовршености мажите ги обожаваат, можеби некоја од нив безпотребно е причина за вашето незадоволство:
Неправилен нос
Грчкиот профил е чест комплекс на многу жени. Сепак повеќето мажи сметаат дека кукастиот нос ѝ дава на жената посебен шарм.
Стомаче
За разлика од жените, мажите обично не се опседнати со перфектно затегнато тело без грам вишок. Тие го сакаат женското тело со сите негови мали недостатоци и малото стомаче го сметаат за симпатично.
Мали гради
Без оглед на врежаното мислење дека мажите се фасцинирани со големи гради, ниту малите гради не се ништо помалку заводливи. Бројни анкети покажуваат дека многу мажи преферираат девојки со дечачки изглед и мислат дека малите гради се многу секси.
Ноншалантен изглед
Иако совршениот изглед потполнет со комплетна шминка и фантастична фризура ги привлекува мажите, повеќето од нив се сложуваат дека опуштениот look, разбушавената коса и лице без шминка често се посимпатични и попривлечни.
Простор меѓу забите
Одвоени предни заби се заштитен знак на многу познати убавици. Оваа мала неправилност мажите често ја сметаат за убиствено средство на заведување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст