На премиерската фотелја во новата српска влада, најверојатно, ќе седнат Ивица Дачиќ или Ана Брнабиќ, дознава „Новости“. Но, извори за весникот „Данас“, сепак, не ја исклучуваат можноста од изненадување.
Според информации на „Вечерње новости“, сегашниот премиер Александар Вучиќ ја стеснил листата за негов наследник и таа е намалена само на две имиња, првиот заменик-премиер Ивица Дачиќ и министерката за јавна администрација и локална самоуправа, Ана Брнабиќ. Можен „адут од сенка“ е Душан Вујовиќ, министерот за финансии, пишува „Новости“.
Како главни аргументи за Брнабиќ во круговите на Владата се спомнуваат нејзината стручност, посветеност и добрите резултати во секторот кој таа го води, но, исто така, е и големата лојалност кон Вучиќ, иако не е членка на СНС.
Ова е причината зошто Вучиќ има многу доверба во неа и затоа не е изненадување што нејзиното име се спомнува како најверојатен избор за негов населник, додава „Новости“.
Од друга страна, Дачиќ, исто така, е во добри односи со Вучиќ, кои се во нагорна линија откако социјалистите ја поддржаа неговата кандидатура за претседател на Србија. Исто така, ветер во грбот на Дачиќ претставува фактот што тој веќе беше во Немањина 11, односно беше прв човек на Владата, но и тоа што како министер за надворешни работи направи добри контакти во целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст