Според податоците на српските безбедносни служби, во Србија има околу 1.500 поборници за вахабизмот, а само во главнит град ги има 800.
Нивното доаѓање се огласило со црвен аларм во безбедносните служби, бидејќи постои сомневање дека се подготвуваат терористички напади и дека се поврзани со екстремистите од Косово и Метохија и југот на Србија.
Голем број од нив се облекуваат автентично, со кратки панталони, долга брада, но не се сериозно религиозни. Еден дел од нив се занимаваат со криминал, односно илегално префрлување мигранти преку Србија, трговија со дрога и регрутирање на борци за Сирија.
Се работи за бегалци, кои, главно, се собираат во џамијата Бајралки и се финансирани од Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.