Односот меѓу Србија и Македонија не се лоши, но лош е односот на Зоран Заев кон Србија и нејзините граѓани, изјави потпретседателот на владата и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Коментирајќи ги тврдењата на мандатарот за состав на македонската влада Зоран Заев дека односите меѓу Белград и Скопје треба да бидат подобри, но не оградувајќи се од претходните критики на сметка на српското раководство, Стефановиќ изјави дека Србија сака добри односи со Македонија и ќе продолжи така да се однесува.
Според неговите зборови, и досега економските односи биле на високо ниво.
– Но, нашите политички односи не се добри пред се поради тоа што Македонија со своето однесување и конкретни одлуки застанува на страната на Албанците против интересите на Србите – изјави Стефановиќ за „Танјуг“.
Стефановиќ праша кога била загрозена кариерата на премиерот Александар Вучиќ, како што тврди Заев и каков е тој националистички потег што го направила Владата на Србија или Вучиќ.
– Ние ќе продолжиме да чекаме одговор на ова прашање, а граѓаните на оваа земја се сведоци дека Србија никогаш не се мешала во внатрешните односи на Македонија. Секогаш сме повикувале на мир и стабилност – изјави Стефановиќ за „Танјуг“.
Министерот навел дека такви навреди на сметка на раководството на Србија не се порака на пријателство и тоа не би требало никој да го прави, а најмалку Заев, кој уште не е избран за некаква значајна јавна функција во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.