После години договарање и усогласување Хрватскa, Србија, Словенија, Македонија и БиХ сакаат да ја забрзаат продажбата на недвижности кои и пропаѓаа на поранешната држава и служеа како дипломатски претставништа на Југославија во светот.
Уште минатиот месец, како што пишува хрватски Јутарњи лист, интензивно се договараа деталите со Агенцијата за недвижности Даглас Елиман од Њујорк за продажба на луксузната куќа на Петатта Авенија во Њујорк која и припаѓаше на СФРЈ, а во моментов ја користат српските дипломати од Мисијата на Србија во ОН.
Куќата се продава за 50 милиони дилари, а објавените фотографии покажуваат исклучителен луксуз кој и денеска го има во куќата која некогаш му припаѓала на Корнелиус Вандербилт. Куќата има 20 соби, два електрични лифтови кои и денеска се во функција и се меѓу првите лифтови поставени во зграда во Њујорк. Има осум тоалети, рачно изработени огради, како и фреси на ѕидовите со ангели и облаци.
Југославија оваа куќа ја купила во јануари 1947 година, а е изградена е во 1904 година. Првиот сопственик бил Роберт Ливингстон Бекман, гувернер на Роуд Исланд, а зградата го носи името по него „Бекманова куќа“. Раскошот на зградата потсетува на Версај со бел мермер, големо столбови и позлатени прозорци на кровот. Од Агенцијата информираат дека има шест заинтересирани купувачи. Се продава целиот мебел и сликите, а според њујоршките медиуми ова е една од најдобрите куќи кои може да се купат во моментов на престижната Петта Авенија во Њујорк. Наводно оваа зграда многу ја сакал Јосип Броз Тито кој тука и многу често се навраќал, а агенцијата која ја продава куќата тврди дека „диктаторот“ Тито во куќата нашол привремено скривалиште по обидот за негов атентат на Валдорф Асторија во 1963 година.
Според шпекулациите на медиумите како потенцијален муштерија е и првата дама на САД, Меланија Трамп, која совршено би се вклопила во целата приказна за луксузната вила – таа по потекло е од Словенија, односно поранешна Југославија. Агентот, пак, што е задолжен да му ја продаде вилата некому во мрежата од клиентите, е Тристан Харпер, кој како малечок престојувал во Сплит и с` уште зборува по некој збор хрватски.
Александар Угриноски, директор на организациски работи во МНР, владин повереник во процесот за сукцесија задолжен за анексот поврзан со поделбата на дипломатско-конзуларниот имот и уметничките слики и кој во март годинава во Њујорк беше еден од петте потписници на договорот за заедничка продажба на неколку ДKП, вели дека не знае кои се потенцијалните муштерии, но ако се случи токму првата дама на САД да стане сопственичка, „тоа би било многу убава порака за Македонија и за регионот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст