Не смее да се генерализира она што го правеше граѓанската иницијатива со насилството кое се случи, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.
„Тој ден беше тежок и несреќен ден кој создаде лоша претстава за нас во светот. Не смее да се генерализира она што го правеше граѓанската иницијатива со насилството кое се случи. Се случувале насилства во историјата и сме имале моменти кога се содавале многу понегативни реакции, како во 2001-та година. Тогаш парламентот создаде атмосфера на помирување со амнестијата. Имавме многу позитивни пораки и помирувачки тонови денеска и од Заев и од лидерите на албанските партии и од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Иванов.
Додаде дека сите што ги надминале нормите на однесување треба да одговараат, но емотивни реакции и заведување на толпа се последица, а не причина за насилство.
„Треба пратениците да размислат и да ја покажат желбата Македонија да научи како не треба да се однесува, затоа што во парламентот имавме и политичко насилство. Треба да извлечеме поуки и да излеземе од оваа криза со која се создаде страв и гнев кај народот, и ваквата атмосфера влијаеше на секојдневниот живот. Полека треба да преминуваме во период на соочување со реалноста. Ова е наша држава, мора да ја чуваме, но да ги чуваме и институциите. Пратениците се луѓе кои ја имаат довербата на граѓаните, кон нив граѓаните не смеат така да се однесуваат. Револт може да искажат на избори, додека во институциите мора да има ред. Ние сме комплексно мултиетничко општество и имаме мултиетничка демократија. Има и други места во светот каде има нетрпеливост, но преку дијалог и договори треба да се решаваат работите. Поминавме тежок период, ни следи период на учење. Колку ќе извлечеме поуки останува на оние кои се најодговорни во секој сегмент од јавниот живот“, оцени Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст