| четврток, 6 декември 2018 |

Најдете си ја сродната душа преку хороскопскиот знак

Овен

Сродни души: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци и Водолија.
Овните живеат брзо. Тие немаат време да чекаат некого и потребен им е партнер кој ќе може да го следи нивното темпо. Нивната сродна душа е личност со голема самодоверба и што не се плаши да превзема ризици.

Бик

Сродни души: Рак, Јарец, Девица и Риби.
За вистинската личност, Биковите остануваат верни до крај, но потребен им е некој кој може да ја возврати услугата. Нивната сродна душа е некој кој е верен, искрен и кој не сака да си игра со нив бидејќи Биковите немаат време за тоа. Тие исто сакаат романтичари кои можат да направат да се чувствуваат како да се единствената личност на светот.

Близнаци

Сродни души: Лав, Вага, Овен и Водолија.
Близнаците знаат да бидат навистина пребирливи, па доколку ве одберат вас треба да се чувствувате посебно. Нивната сродна душа е личност која е забавна, паметна и интересна. Тие исто така сакаат да имаат неколку разлики со партнерот за врската да не им стане здодевна.

Рак

Сродни души: Скорпија, Бик, Риби и Девица.
Раковите имаат огромно срце и многу љубов за давање, но ако навистина сакате да ги освоите треба и вие да го правите истото. Нив им е потребен некој кој е доволно интелигентен за да може да ги разбере, но исто така и приврзан за да направи да се чувствуваат посебни и сакани. Раковите немаат време за себичност па нивниот идеален партнер треба да биде грижлив и сочувствителен.

Лав

Сродни души: Близнаци, Вага, Стрелец и Овен.
Лавовите се безнадежно привлечени од самодовербата и мистериозноста. Тие сакаат некој кој е подготвен за авантура, но истовремено и мистериозен за да ги тера да погодуваат што е следно.

Девица

Сродни души: Скорпија, Јарец, Рак и Бик.
Сродната душа на Девиците е некој кој е комплициран и софистициран како луксузно француско вино. Но нивниот партнер исто така треба да биде амбициозен, а не некој кој не прави ништо по цел ден. Најмногу од сѐ, на Девиците им е потребен партнер кој ќе ѝ се посвети на врската исто колку и тие.

Вага

Сродни души: Близнаци, Водолија, Стрелец и Лав.
Вагите имаат високи стандарди кога станува збор за љубовта. Тие ја сакаат физичката убавина бидејќи уживаат во естетиката. Тие ја сакаат интелигенцијата бидејќи се паметни и бавните умови за нив се здодевни. Самодовербата ги привлекува бидејќи тие сакаат некој што знае што сака.

Скорпија

Сродни души: Риби, Девица, Јарец и Рак.
Љубовта на Скорпиите е длабока, интензивна и безусловна. Но, потребен им е партнер кој ќе ги предизвикува. Нивната сродна душа е некој со длабочина и имагинација, некој кој размислува и чувства длабоко, но не открива сѐ за себе.

Стрелец

Сродни души: Лав, Водолија. Овен и Вага.

Стрелците ја сакаат својата слобода и независност и не им треба некој посесивен. Нивниот совршен партнер е некој кој е забавен и кој има широк поглед кон светото и животот. Стрелците немаат безброј правила и рутини, ниту пак им е потребен некој кој пробува да ги промени или „поправи“. Нивната сродна душа е некој кој им помага да се изградат како личност и некој со кој ќе го освојат светот.

Јарец

Сродни души: Риби, Бик, Девица и Скорпија.
Јарците не се плашат да пребираат во љубовта, особено кога ја бараат нивната сродна душа. Нивниот идеален партнер е елегантен и со стил и е горд на себе. Тој исто така треба да биде интелигентен и да може да се поврзе со нив на подлабоко ниво. Но најважно од сѐ, нивниот партнер треба да биде верен.

Водолија

Сродни души: Вага, Овен, Близнаци и Стрелец.
Сродната душа на Водолиите мора да биде забавна и понекогаш да сака луди авантури. Ако можете да насмеете Водолија, можете да ги натерате да направат што било. Способноста за готвење е голем бонус бидејќи Водолиите обожаваат да јадат.

Риби
Сродни души: Рак, Скорпија, Девица и Бик.
Рибите живеат во нивен свет и никогаш не го сфаќаат животот премногу сериозно или буквално. Нивната сродна душа е некој со умерена самодоверба, див и креативен ум и со способност да размислува нелинеарно . Најмногу од сѐ им е потребен некој со кој можат да се поврзат и да комуницираат на подлабок начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top