Една просечна жена на дневно ниво нанесува околу 515 хемикалии во дезодоранси, креми и кармини, а во 90 отсто од тие производи го има парабенот, покажуваат најновите истражувања спроведени во Велика Британија.
Кога купувате шминка и козметика задолжително читајте го составот на производот. Доколку производот во себе содржи парабен, внимавајте, станува збор за предизвикувач на карцином.
Имено, парабените се конзерванси, а се употребуваат за да се спречи расипување и развој на микроорганизми, бактерии, габи, затоа ги има во различни препарати. За жал, тие често се користат во декоративната козметика (кармини, пудри, сенки за очи, руменила, маскари), креми за лице и тело, средства за самопотемнување, пасти за заби, па дури и во детската козметика.
Со нивна честа употреба и фактот дека тие не се разградуваат во човечкиот организам, туку се таложат околу коските, срцето и градите па така и настануваат разни форми на карцином.
Како за пример, со едно нанесување на дезодеранс кој во себе има парабен, 20 до 60% преку кожата продира во организмот и ги активира ќелиите на рак.
Поради тоа препорачливо е да се користат производи без парабен, траат пократко, меѓутоа се поздрави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.