| четврток, 6 декември 2018 |

Јадел риба секој ден и еве што му се случило

Авторот и соработник на „Њујорк Тајмс” Пол Гринберг во својот нов документарец „Рибата на мојата чинија“ (The Fish On My Plate) ја тестирал една од најголемите нутриционистички мистерии – рибата.

Целта на Гринберг била да истражи колку е корисно да се јаде риба, со оглед на нејзиното богатство од омега 3 масни киселини, лековитото дејство кое го има против депресија, квалитетниот сон, крвниот притисок и холестеролот.

Тој решил да јаде риба една година. Не му се случило ништо особено во организмот, освен што му се покачил крвниот притисок за малку повеќе отколку што било тоа во претходната година, пишува “Man’s health”.

Исто така имало појава на одредени нуспојави како намалена меморија и споро размислување.

Според д-р Дариуш Мозафариан рибата содржи и цинк, важни амино киселини, витамин Д. Ако се конзумира умерено, немате причина од страв за труење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top