| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер ја информираше јавноста: Го пропуштам и Ролан Гарос

federer

Роџер Федерер вечерва со официјално соопштение ја информираше тениската јавност дека решил да го пропушти претстојното издание на грен-слем турнирот Ролан Гарос.

Швајцарскиот тенисер реши да ги пропушти Мастерсите кои се играат на земјена подлога (Монте Карло, Мадрид, Рим), а денеска потврди дека нема да се појави ниту на терените во Париз.

– Работев напорно на и надвор од терените изминатиов месец, но во обид да играм што подолго на АТП турнирите, решив целосно да ја прескокнам сезоната на земјена подлога и да се подготвувам за турнирите на трева и цврста подлога. Јас и мојот тим донесовме одлука дека играњето на земја не е во интерес на мојата физичка подготвеност и состојба на телото, ќе ми недостасуваат француските фанови, но се надевам дека ќе се видиме повторно на следниот Ролан Гарос – вели Федерер во своето соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top