| четврток, 6 декември 2018 |

Макрон е згодно момче, но мајка му Брижит е уште позгодна-Берлускони е крал на гафовите

ber

Силвио Берлускони го опишал Емануел Макрон „како згодно момче со згодна мајка“, очигледно алудирајќи на разликата во годините помеѓу новоизбраниот француски претседател и неговата сопруга Брижит Троње.

Поранешниот италијански премиер, кој е познат по дипломатските гафови во текот на периодот на власт, се пошегувал во понеделникот, велејќи дека господин Макрон е „39-годишно момче со богато работно искуство и, пред се, згодна мајка, која го носела под рака кога бил мал“.

ber3

Берлускони, кој е во врска со 49 години помладата Франческа Паскале, меѓутоа, не го спомнал името на Брижит Троње.

ber2

Поранешниот италијански премиер направил низа гафови за светската и домашната сцена и во минатото ги обвинил критичарите дека немаат смисла за хумор.

Во 2009. година изјавил дека илјадниците луѓе кои останале без кров над глава по земјотресот во Аквила во 2009. година, би требало да се однесуваат како да се кампување, а за претседателот Барак Обама рекол дека е „згоден, млад и пресончан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top