| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ посакува трет трофеј од Евролигата

pero-antic

Перо Антиќ, најуспешниот македонски кошаркар, со својот тим Фенербахче ќе се бори за трофеј во Евролигата, кој би бил трет во неговата кариера.

За крилниот центар ова е четврти настап на Ф4-турнирите, а ако се оди по историјата, Антиќ сонува да се повтори минатиот завршен турнир во Истанбул, кога со Олимпијакос се искачи на европскиот кошаркарски врв. Во сезоната 2011/12, во салата „Синан Ердем“, Антиќ дојде до европска круна, откако во финалето со грчкиот тим со 61-60 славеше над ЦСКА Москва.

Во таборот на грчкиот првак Македонецот имаше важна улога, а исто така, дел од ростерот беше и Костас Слукас, кој сега исто така е дел од Фенер. Антиќ и Слукас се единствените во составот на Фенербахче кои имаат по две европски круни. Покрај во сезоната 2011/12, Антиќ и Слукас се радуваа на трофеј во сезоната 2012/13, исто така со Олимпијакос.

Ф4-турнирот во Евролигата стартува в петок. Фенербахче за противник во полуфиналето ќе го има Реал Мадрид, додека ЦСКА Москва ќе се соочи со Олимпијакос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top