| четврток, 6 декември 2018 |

Конференција по повод 100 години од раѓањето на Киро Глигоров

Научна конференција на тема: „Улогата на претседателот Киро Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“ денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Конференцијата е по повод 100-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Организатор е Дипломатскиот клуб – Скопје со поддршка на МАНУ.

Најавено е обраќање на академикот и претседател на МАНУ, Таки Фити, претседателот на Дипломатскиот клуб Данчо Марковски, академик Луан Старова, професорот Тодор Чепреганов…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top