| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен уредникот на познатиот турски весник (Фото)

Уредникот на интернет изданието на тускиот весник „Џумхуриет“, Огуз Ѓувен, вчера е официјално уапсен, откако минатата недела беше задржан во притвор.

Турската агенција Анадолија објави минатата недела дека Ѓувен е задржан во притвор поради известување поврзано со смртта на јавниот обвинител, кој загина во автомобилска несреќа.

Ѓувен е еден од 13-те членови на редакцијата на „Џумхуриет“, кои завршија зад решетки под обвинениеја за поврзаност со тероризам.

Овој весник често пати е критичен кон турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговата Влада, а поранешниот уредник на весникот Кан Дундар живее во егзил во Европа.

Во турските затвори се наоѓаат 145 новинари, меѓу кои и германскиот дописникот Дениз Јучел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top