| четврток, 6 декември 2018 |

Моето понижувачко сексуално искуство: Изгубив невиност на првата брачна ноќ

Во анкета на порталот „Редит“ испитаници откриваат дека биле разочарани од впечатокот од првиот сексуален однос, очекувале премногу, а добиле премалку.
„Кратко, разочарувачки и срамно поради должината на чинот. Верувам дека ќе се покаже точно дека со тренинг се стугнува до совршенство“, пишува еден корисник.
Друг признава дека тој и сопругата чекале до првата брачна ноќ.
„Беше многу добро, Бевме нервозни, мене малку ме болеше, но подоцна стануваше се подобро и подобро, Многу сум среќа што го доживеавме тоа заедно“, раскажува неговата сопруга.
Но, многумина не успеале да си ги исполнат очекувањата поради нервоза.
„Првата брачна ноќ беше проблематична. Не знаев што правам, но тој беше трпелив. И нему му беше првпат, Заедно сфаќавме што треба да правиме. Пред бракот не живеевме заедно, а оваа година ќе прозлавиме 20-годишнина. Сепак, бракот е многу повеќе од секс“, пишува Меги.

Една корисничка, пак, коментира дека првиот пат бил „неверојатен“.
„Изнајмивме убава хотелска соба, носев секси долна облека, си купивме вино, а потоа влеговме во џакузи и водевме љубов. Двапати. Потоа вечеравме и разговваравме за свадбата. Апсолутно совршено, не би ја менувала таа вечер за ништо на светот. Сексот беше онаков каков што очекувавме, ме болеше првите три месеци, а потоа престана.“
„Го чував сексот за првата брачна ноќ. Беше одвратно.И нему му беше првпат. Понижувачки и поразително. Не знаевме што дап равиме, болеше, а полошо од тоа е што сме се уште тука со лошото искуство.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top