Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот премиер и избран претседател Александар Вучиќ разговарале во кинеската престолнина Пекинг за изјавите на албанските политички челници и обидите да се креира таканаречената Голема Албанија, пишуваат во понеделникот белградските медиуми.
Како што пренесуваат „Вечерње новости“, рускиот претседател Владимир Путин и српскиот челник Александар Вучиќ оцениле дека сè позачестените заканувачки изјви на политичките претставници на Албанците „претставуваат потенцијал за судири“.
Претходно беше објавена изјавата на поранешниот командант на УЧК, Рамуш Харадинај, кој се закани дека доколку Вашингтон и Брисел не помогнат во средувањето на работите меѓу Белград и Приштина, „Албанците самите ќе ја одработат таа работа“.
Харадинај бара од Уставот на Србија да се исфрли преамбулата во која нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија, која со поддршка на САД и главните земји од ЕУ во 2008 година еднострано прогласи независност, се наведува како неотуѓив дел од државната територија.
Делегацијата што во Пекинг ја предводи Вучиќ учествува на меѓунардониот форум „Појас и пат – меѓународната соработка“ во врска со кинеските амбици за воспоставување на проектот Патот на свилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст