Со оглед на староста на Земјата и нејзината популација, постојат толку многу интересни факти, од кои не знаеме ни половина. Но, за да ви го збогатиме тоа знаење, откриваме неколку вистински и неверојатни научни факти:
Во 2015 година, популацијата во Лондон ја надмина најголемата популација од 1939 година.
Денес, Лондон брои 8.615.246 жители! До 2050 година, се очекува оваа бројка да достигне до 11 милиони.
Само 5-10% од вината се подобруваат по една година стоење, додека 1% се подобри по 5 години стоење.
Како и да е, отворете си едно шише.
Најмалку 15% од дневните пребарувања на Google никогаш не се повториле во 15 години.
Оваа статистика ја направиле од Google за нивната 15 годишнина. Се покажало дека секое шесто пребарување било уникатно во тој период.
Повеќе луѓе живеат во Големо Токио отколку во Канада.
Канада е втората најголема земја во светот, но Големо Токио е многу повеќе населено.
Кога 70 луѓе ќе се соберат, постои 99.99% шанса двајца од нив да се родени во ист ден.
Ако сте адвокат ќе ви изгледа сомнително, но ако сте математичар, изгледа дека е точно.
Половина од дивиот свет на Земјата исчезна во последните 40 години.
Мора да се трудиме да го зачуваме дивиот свет. Не смееме да дозволиме повеќе да исчезнува.
Осум проценти од Азијците се директни потомци од Џингис Хан, основачот на Монголската империја.
Неговиот харем се состоел од неколку стотици жени, од кои повеќето имале по неколку деца.
Има околу 30 пати повеќе дрвја на Земјата отколку ѕвезди во Млечниот пат.
Постојат над 3 трилиони дрвја.
САД има повеќе јавни библиотеки отколку ресторани на McDonald’s.
Само колку да го разбиеме стереотипот дека Американците повеќе сакаат брза храна отколку да учат.
Деведесет години од човечкиот живот е помалку од 5.000 недели.
Малку повеќе од 4.500 викенди.
Клеопатра живеела поблиску во времето на слетувањето на Месечината отколку до конструкцијата на пирамидите.
Најголемата пирамида на Куфу била изградена околу 2560г.п.н.е, додека Клеопатра живеела во 69-30г.п.н.е. На Месечината за прв пат стапнале во 1969 година… Пресметајте си сами до кој временски период поблиску живеела.
Приватни сопственици во САД имаат повеќе тигри отколку што може има во дивината.
Истите ги третираат како мачки.
Земјата некогаш била виолетова.
Во тоа време, микробите не ја апсорбирале Сончевата светлина туку друга молекула која имала виолетова боја.
Фармите со живина прават поголема штета на околината отколку транспортот.
Токму поради CO2, почвата и загадувањето на водата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст